Агенцијата „Фич“ го потврди долгорочниот рејтинг на странска валута и на локална валута (ИДРс) на Македонија на „ББ+“. Рејтинг-агенцијата ја намали прогнозата за раст на БДП на 0,5 отсто. Слабата економија неповолно влијаеше врз буџетот и покажа некои структурни слабости во јавните финансии. Од агенцијата анализираат дека Македонија има баланс на ниска инфлација, умерен буџетски дефицит и низок јавен долг, како и банкарски систем, покрај високата стапка на невработеност, ограничената флексибилност на фискалната политика и релативни политички ризици. Сепак, според предвидувањата на агенцијата, генералниот долг на Владата ќе се зголеми на 31,3 отсто од БДП на крајот од 2012 година, од 27,8 отсто на крајот од 2011 година, последица на послабиот развој и опаѓање на буџетскиот дефицит. Потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија од страна на „Фич“ за вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е јасен сигнал до инвеститорите дека Република Македонија е стабилна земја со квалитетни економски политики и дека ќе овозможи на пазарот на капитал да имаме релативно подобри услови и пониски каматни стапки.
Агенцијата „Фич“ го потврди долгорочниот рејтинг на странска валута и на локална валута (ИДРс) на Македонија на „ББ+“. Рејтинг-агенцијата ја намали прогнозата за раст на БДП на 0,5 отсто.
„Слабата економија неповолно влијаеше врз буџетот и покажа некои структурни слабости во јавните финансии“, се вели во соопштението на „Фич“.
Од агенцијата анализираат дека Македонија има баланс на ниска инфлација, умерен буџетски дефицит и низок јавен долг, како и банкарски систем, покрај високата стапка на невработеност, ограничената флексибилност на фискалната политика и релативни политички ризици.
Сепак, според предвидувањата на агенцијата, генералниот долг на Владата ќе се зголеми на 31,3 отсто од БДП на крајот од 2012 година, од 27,8 отсто на крајот од 2011 година, последица на послабиот развој и опаѓање на буџетскиот дефицит.
Потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија од страна на „Фич“ за вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е јасен сигнал до инвеститорите дека Република Македонија е стабилна земја со квалитетни економски политики и дека ќе овозможи на пазарот на капитал да имаме релативно подобри услови и пониски каматни стапки.
- Потврдата е значајна поради две работи. Прво, значи јасен сигнал до инвеститорите дека Република Македонија е стабилна земја со квалитетни економски политики и, второ, значи дека нашите идни контакти со банките на пазарот на капитал ќе овозможат да бидат со релативно подобри услови и пониски каматни стапки, бидејќи ретки се земјите што во вакво опкружување во Европа им се потврдува кредитниот рејтинг од „Фич“ или „Стандард и пурс“, рече министерот Ставрески и додаде дека во последните два месеца четири-пет земји од опкружувањето им беше намален кредитниот рејтинг и беа оценети како поризични.
Според него, за Македонија во вакви околности да се потврди кредитниот рејтинг и да се истакнат ниското ниво на задолженост, нискиот буџетски дефицит, квалитетните економски политики, стабилниот финансиски сектор и приливот на странски инвестиции како потенцијал за економскиот пораст се констатации од реномирана институција за оцена на рејтинг што Македонија ја позиционира многу подобро отколку многу земји од опкружувањето.